
Земјотрес со јачина од 4 степени ја погоди Сицилија
Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди Сицилија, јавува порталот EMSC. Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар северо-северозападно од Месина, на длабочина од 217 километри. Засега нема извештаи за евентуална материјална штета.