
Земјотрес со јачина од 4,9 степени повторно ја погоди турската област Кахраманмарас
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Кахраманмарас во југоисточна Турција.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил во градот Гоксун, а неговата длабочина била 7 километри.
Четири минути подоцна следеше земјотрес со јачина од 4 степени.Во 13 часот и 4 минути е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени во Ѓеонгсанг.
Претходно денеска во Кахраманмарас беа регистрирани земјотреси со јачина од 4,3 и 3,8 степени.