
Земјотрес со јачина од 4,8 степени е регистриран во заливот Токио
Земјотрес со јачина од 4,8 степени е регистриран во заливот Токио
Нема опасност од цунами.
Земјотрес со јачина од 4,8 степени е регистриран во заливот Токио, соопшти Националната метеоролошка служба.
Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на заливот Токио, на длабочина од 80 километри. Не е прогласена опасност од високи бранови на цунами.
Силни потреси се почувствувани во сите области на централниот дел на Токио, јави ТАСС.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.
