
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе Италија
Земјотрес со јачина од 4,6 степени е регистриран денеска во Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри северозападно од градот Мачерата, каде живеат околу 30.800 луѓе. Изворот бил на длабочина од 2 километри. Нема извештаи за штети или жртви.