
Земјотрес го погоди северниот дел на Јапонија
Земјотрес со јачина од пет степени го погоди северниот дел на Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 112 километри, на околу девет километри од градот Обихиро, кој има 173.000 жители.
Нема извештаи за штета и не е издадено предупредување за цунами.

