Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Земјите ќе одлучуваат за прелет – Османи: Процедурата за Лавров е почната
Македонија

Земјите ќе одлучуваат за прелет – Османи: Процедурата за Лавров е почната

14/11/2023

AA

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема никакви индиции дека шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен нема да дојде на Министерскиот совет на ОБСЕ што при крајот на месецов ќе се одржи во Скопје, а почната е и процедурата за доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, чија земја подлежи на санкции од ЕУ по војната со Украина.

– Во санкциите се вели дека за меѓународни организации како што е ОБСЕ е дозволен прелет. Сепак, одлуката е на земјите членки. Затоа нашите соседи ќе треба да одлучат, а и ние за нашиот воздушен простор, рече вечерва Османи во емисијата „360“, прашан за доаѓањето на шефот на руската дипломатија Лавров.

Прашан дали е можно доколку дојде Лавров, да не присуствува украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, шефот на македонската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ се надева дека тоа нема да се случи.

– Затоа пред две – три недели отидов во Киев, да обезбедам присуство и на Кулеба. Се уште сме во разговори. Јас мислам дека како што во Виена имаме состанок секој вторник, така треба да биде и во Скопје, рече Османи.

Додаде дека според информациите што ги има, на состанокот во Скопје се очекува да дојдат и министрите за надворешни работи на Канада, Велика Британија, на земји членки на НАТО, ЕУ, како и централна Азија. Според Османи, ќе дојде и заменик-министерот на Тајланд кој ќе биде прв официјален претставник од оваа земја што дошол во Северна Македонија од независноста.

На Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје се очекува присуство на 76 делегации од кои 57 се од земјите членки на ОБСЕ и 11 од партнерските земји од медитеранската и азиската група. Букирани се пет хотели каде треба да се сместат овие делегации. Самитот, ќе почне со неформална вечера, која како што рече Османи, ќе се одржи на 29. овој месец.

Според Османи, подготовките се одвиваат согласно зацртаната динамика и се работи согласно т.н. Водич на ОБСЕ во кој се утврдени и најситните детали за организирање на вакви настани.

Досега, како што посочи, потрошени се три милиони евра во делот на набавките, иако првично биле предвидени пет милиони евра.

Во однос на информациите во јавноста околу изборот на компанијата „Евровиа“ која е ангажирана за реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува Министерскиот совет и околу изборот на рентакар компанијата, Османи вели дека опозициски шпекулации се контроверзиите околу јавните набавки.

За „Евровиа“ вели дека критериум била најниската цена, а изборот го направила Комисија која не ја интересира дали компанијата е спонзор на ДУИ или не, додека во однос на изнајмувањето на возила за претстојниот Министерски совет во вкупен износ на рамковната спогодба од речиси еден милион евра, вели дека само една фирма се пријавила на тендерот и оти не знае дали позадински имало договарање меѓу компаниите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седумнаесетгодишна девојка тешко повредена по пад во отвор за лифт

11/05/2026
Македонија

Одбиено изземањето на судијката поротничка – предметот против 13 полицајци

11/05/2026
Македонија

Нестабилно време со грмежи и невреме – предупредување за пороен

11/05/2026
Македонија

Одложено рочиштето за „Онкологија“ – следно судење на 1 јуни

11/05/2026
Македонија

Маврово се подготвува за светски риболовен спектакл – пуштени 2

11/05/2026
Македонија

Камион фатен при нелегално одлагање отпад во Аеродром – казна

11/05/2026
Македонија

Апелација денеска одлучува по жалбите за случајот со Вања и

11/05/2026
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Системот ни ги уби децата,

10/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43198
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy