ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО СКОПСКО Двајца упаднале во куќа со огнено оружје и со закана одзеле пари
Двајца мажи вчера извршиле вооружен грабеж во скопското село Кучевиште.
„На 25.10.2026 година во 23:20 часот во СВР Скопје, 35-годошен маж од селото Кучевиште, скопско, пријавил дека околу 23 часот во неговиот дом со употреба на физичка сила влегле две машки лица. Тие со огнено оружје упатиле закани кон него и неговата сопруга, по што одзеле пари од дневниот промет од правно лице, брза пошта, каде што работела сопругата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
.
Извор: plusinfo.mk