
Зеленски: Светскиот поредок зависи од развојот на настаните во Украина
Идниот светски поредок заснован на правила и хуманост зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето секојдневно видео обраќање, направено по ненадејната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Киев, пренесе Ројтерс.
„Во овој момент, и овде во Украина, се решава иднината на светскиот поредок заснован на правила, хуманост и предвидливост“, рече украинскиот лидер.
Зеленски додаде дека одбраната на неговата земја и другите потреби за ставање крај на руската инвазија оваа година се веќе добро познати, вклучително и на партнерите на Киев.
„Сè што ни треба е одлучност“, рече украинскиот претседател, додавајќи: „Денес видов слична решителност од американскиот претседател Џо Бајден“.

