Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесено обвинение против Латас и Лазаров – Казната е од 1 до 5 години затвор
Македонија

Поднесено обвинение против Латас и Лазаров – Казната е од 1 до 5 години затвор

21/02/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство кон жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување. Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

По наредба на јавен обвинител, Секторот за компјутерски криминал при МВР го документираше и го обезбеди наведениот поткаст и целокупниот доказен материјал кој ги потврдува елементите на кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од една до пет години.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка на претпазливост за Латас, со што привремено ќе му биде одземена патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Освен ова, особено имајќи ги предвид меѓународните обврски кои произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, но и влијанието и последиците од постапките на двајцата обвинети врз јавниот морал и интерес, за двајцата обвинети предложена е мерка – забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело кое им се става на товар, односно забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал​, додаваат од ОЈО Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична

17/08/2026
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

17/08/2026

Цените на горивата од утре повторно растат. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба

17/08/2026

Уште еден пациент заразен со вирусот на Западен Нил починал во текот на викендот, со што бројот на смртни случаи

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy