
ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИ: Во тек се приватни разговори меѓу Американците и Русите за целосен прекин на огнот!
Володимир Зеленски рече дека во тек се приватни разговори меѓу Американците и Русите за целосен прекин на огнот.
Со оглед на притисокот врз Русија, постигнувањето такво решение, според него, би можело да биде прашање на следните недели или месеци.
– Во Саудиска Арабија, знаете, се согласивме на безусловен прекин на огнот. Русите се уште не се согласиле на ова. Го гледаме. Иако знаеме дека разговорите меѓу Американците и Русите се во тек на оваа тема. Приватни разговори има, постојат – нагласи украинскиот претседател Зеленски.