Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФРАНЦИЈА СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА: Американските царини се економска катастрофа за Европа
Економија

ФРАНЦИЈА СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА: Американските царини се економска катастрофа за Европа

03/04/2025

AA

Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп се главна тема во Европа. 

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска објасни дека царинските мерки што ги воведе Трамп претставуваат економска катастрофа за светот и ќе создадат сериозни тешкотии за Европа.

„Ова не е само проблем за Европа – овие царини ќе бидат катастрофални и за самите САД и за американските граѓани, нагласи Бајру во изјава за медиумите“, пренесуваат БФМТВ и „Ле Фигаро“.

Францускиот премиер остро ја критикуваше американската политика, обвинувајќи ја администрацијата во Вашингтон дека им врти грб на своите сојузници.

„Се наоѓаме во сериозен период, во кој Европа и целиот Запад треба да размислат како да се справат со овие предизвици“, предупреди Бајру.

И францускиот претседател Емануел Макрон е незадоволен. 

Макрон остро ги критикуваше најновите царини на Трамп за Европската унија. Трамп најави царина од 20 отсто за европските производи, кои Макрон ги опиша како „брутални и неосновани“.

Тој посочи дека американските потрошувачи ќе станат посиромашни и послаби поради овие мерки, додека азиските земји би можеле да го зголемат извозот во Европа. Макрон повика на заеднички одговор од европските земји за успешно укинување на американските царини, нагласувајќи дека европскиот одговор ќе биде „организиран“, „обединет“ и „посилен од порано“.

И претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази длабоко жалење за американските царини, предупредувајќи на сериозни последици за глобалната економија. Таа најави дека ЕУ подготвува контрамерки кои би можеле да вклучат царини за американски производи во вредност до 26 милијарди евра.

foto printskrin Fox News

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44907
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот

07/08/2026

Уште еден голем планинарски успех го одбележа градот Битола! Сограѓанот Дарко Костадинов успешно се искачи на моќниот врв Казбек, сместен

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy