Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски од Молдавија: „Кога ќе победиме, војната ќе престане“
Македонија

Зеленски од Молдавија: „Кога ќе победиме, војната ќе престане“

01/06/2023

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот на европските лидери во Молдавија, каде што беше пречекан од претседателката на земјата, Маја Санду, пренесува Ројтерс.

Тој повторно изрази уверување дека Украина ќе испадне победничка страна во воениот конфликт.

„ Кога ќе победиме, војната ќе престане “, најави Зеленски.

Тој и се заблагодари на Молдавија што ги прифати украинските бегалци откако Русија ја започна својата целосна инвазија. Според ОН, Молдавија им даде азил на над 700.000 бегалци од февруари 2022 година , а над 100.000 сè уште остануваат во земјата.

„Украина денес ја чува Молдавија безбедна и ние сме многу, многу благодарни за тоа“, рече Санду по краткиот разговор со Зеленски, чија земја се наоѓа меѓу поранешната советска република Молдавија и Русија.

Украинскиот лидер ги објави плановите за формирање на нови коалиции за да добие дополнителна одбранбена поддршка против руската агресија, за што сака да разговара со другите европски лидери.

Двајцата претседатели разговарале и за нивните аспирации за членство во Европската унија.

„Мислам дека ова е многу важно – нашата иднина во ЕУ“, нагласи Зеленски и увери дека Украина е подготвена да биде дел од НАТО.

Украина има статус на кандидат за ЕУ ​​од минатото лето и се надева дека ќе започне официјални преговори за пристапување во блокот до крајот на годината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy