
Зеленски: Нема да прифатам било каква одлука меѓу САД и Русија за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска вети дека ќе го отфрли секој договор меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија кој не го вклучува Киев, нагласувајќи дека ниту еден светски лидер не може да одлучува за судбината на Украина без негово директно учество.
„Значи, никогаш нема да прифатам какви било одлуки меѓу Соединетите Американски Држави и Русија за Украина, никогаш“, изјави Зеленски за NBC News.
Тој изрази благодарност за сета поддршка, единството во САД, околу Украина, двопартиското единство и двопартиската поддршка.
„Ние сме благодарни за сето ова. Но, не постои лидер во светот кој навистина може да се договори со (Владимир) Путин, без нас, за нас“, додаде тој.
Нагласувајќи дека САД се „најголем стратешки партнер на Украина“, тој рече: „Ние сме подготвени да го споделиме нашиот заеднички план со претседателот (Доналд) Трамп“.
Зеленски ја истакна важноста на европската поддршка за Киев и порача дека на преговарачка маса треба да бидат САД, Европа, Украина и Русија.

