Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски и постави ултиматум на Америка во врска со договорот за минерали
Македонија

Зеленски и постави ултиматум на Америка во врска со договорот за минерали

31/03/2025

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да се согласи на никаков договор за експлоатација на нејзините природни ресурси со Соединетите држави, доколку тоа ги загрози амбициите на Украина за членство во Европската унија.

Зеленски изјави дека Киев од Вашингтон добил нацрт-договор за вредни украински ресурси. Сепак, според украинскиот портал European Justice, предложениот договор би можел да биде во спротивност со критериумите за економски суверенитет што Украина мора да ги исполни за пристапување во ЕУ.

Еден ден претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека најновиот предлог на САД вклучува формирање заеднички инвестициски фонд, кој на Вашингтон ќе му даде контрола врз сите минерални ресурси на Украина – вклучувајќи нафта, гас и клучна енергетска инфраструктура. Украинските власти стравуваат дека таквиот аранжман ќе го поткопа економскиот суверенитет на земјата.

Зеленски го истакна својот ултиматум: „Не може да се прифати ништо што може да го загрози пристапувањето на Украина во Европската унија“.

Постојани промени на условите на договорот

Во првобитната верзија на договорот, која Киев претходно ја прифати, беше предвидено половина од приходите од експлоатација на државните ресурси – вклучувајќи нафта, гас и логистичка инфраструктура – да се инвестираат во заеднички фонд во корист на Украина. Сепак, таа верзија не вклучуваше никакви безбедносни гаранции, што беше клучно барање на Киев.

Договорот првично требаше да биде потпишан на 28 февруари, но беше одложен поради несогласувања меѓу Зеленски и Доналд Трамп. Трамп претходно ја спомена можноста за користење на украинските ретки метали како некој вид компензација за американската воена помош. Според проценката на Килската фондација, вкупната вредност на таа помош од почетокот на војната е околу 123 милијарди долари.

Администрацијата на Доналд Трамп повторно воведе клаузула според која Украина ќе треба да ја врати целата сума, што Киев одби да го признае како долг во контекст на преговорите за минерали.

Зеленски изјави дека Украина не прифаќа ретроактивно враќање на средствата што веќе ги добила како помош, но е подготвена да преговара за враќање за евентуална идна помош. Договорот мора да помине на гласање во украинскиот парламент, а клучните спорни елементи, вклучително и безбедносните гаранции и зачувувањето на економскиот суверенитет, се уште не се решени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy