
Зеленски го покани Трамп во Киев ако може да ја прекине војната за 24 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев, но под услов да може да ја прекине војната со Русија во рок од 24 часа, како што еднаш вети.
Во интервју за британскиот канал Канал 4 њуз, Зеленски рече дека Трамп може да го посети Киев доколку може да ја прекине војната за 24 часа, додавајќи дека сака да знае каква формула има поранешниот американски претседател за ставање крај на војната, пренесува Политико.
Трамп води во анкетите
Порталот потсетува дека Трамп изјавил дека, доколку е претседател, може веднаш да ја прекине војната со влијание врз Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин да се договорат за спогодба, наведувајќи дека има добри односи со двајцата лидери.
Политико додава дека Трамп во моментов води на американскиот претседател Џо Бајден во анкетите во неколку клучни американски држави, како фаворит пред овогодинешните претседателски избори.
