Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина еден од браќата ранети при пукањето во тетовската болница
Македонија

Почина еден од браќата ранети при пукањето во тетовската болница

20/01/2024

AA

На Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје починал еден од браќата од тетовско Гајре, кои беа повредени со огнено оружје на 11 јануари во кругот на Клиничката болница во Тетово.

Од КАРИЛ потврдија дека починал постариот од браќата А.М на 41 година. Во пукањето пред девет дена повреден беше и неговиот брат З.М.(36) кој, исто така, се наоѓа на лекување во КАРИЛ.

Употребата на огнено оружје и ранувањето на двајцата браќа од Гајре се случи на 11 јануари околу 18 часот пред Ургетниот центар на Клиничката болница. Двајцата браќа во текот на вечерта беа однесени на КАРИЛ.

СВР Тетово соопшти дека уште вечерта на 11 јануари околу 23 часот биле лишени од слобода четири лица, а по едно лице се трага. Од СВР Тетово и Обвинителството нема други официјални информации за случајот, кој го води Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Обвинителството сè уште постапува по предметот согласно своите надлежности, информираа од таму.

СВР Тетово ги лишија од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44), 55-годишната Ш.Е. и Н.М.(39), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од

04/08/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз

04/08/2026
Македонија

Запленети речиси 100 килограми белвица и 5 километри забранети мрежи

04/08/2026
Македонија

МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496

04/08/2026
Македонија

ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО РЕСЕН: Општината доделува по 5.000

04/08/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПРИЛЕП: Млада жена со тврд предмет ја

04/08/2026
Македонија

На „Богородица“ се чека околу еден час за излез, на

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44843
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска

04/08/2026

Епидемиолошката состојба во Гостивар бележи благо намалување на вкупниот број пациенти кои побарале медицинска помош, додека здравствените власти регистрираа нов

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од полноќ нови цени на бензинските

04/08/2026

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз Мицкоски за Илинден

04/08/2026

Одделот за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава против С. Г. (52) од Струга поради постоење основи на сомнение

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy