Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зекирија Шаини во стабилна состојба по вчерашниот вооружен инцидент во Куманово – пуштен на домашно лекување
Македонија

Зекирија Шаини во стабилна состојба по вчерашниот вооружен инцидент во Куманово – пуштен на домашно лекување

08/10/2025

AA

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше повреден во оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Директорката на Клиниката, д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска изјави дека здравствената состојба на докторот е стабилна и дека се чувствува добро.

„Пациентот е во добра општа состојба. По укажаната медицинска помош и санирање на раните, е пуштен на домашно лекување,“ изјави таа.

Министерството за здравство вчера изрази загриженост поради вооружениот напад во кој бил повреден нивен колега, при што соопшти дека повредите не се животозагрозувачки.

„Докторот е стабилен и се опоравува. Министерството ќе му обезбеди целосна поддршка за време на неговото закрепнување и категорично осудува секое насилство врз здравствени работници. Безбедноста на медицинскиот персонал е наш приоритет,“ наведоа од Министерството.

Од таму додадоа дека ќе продолжат со унапредување на мерките за заштита на здравствените работници, преку координација со здравствените установи, МВР и локалните власти.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера околу 13:54 часот на крстосницата меѓу улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово, кога две лица во движење пукале од огнено оружје кон возилото „фолксваген голф“ што го управувал докторот.

Шаини најпрво бил пренесен во Општата болница во Куманово, а потоа на понатамошен третман во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
Македонија

Автомобил удрил во електричен тротинет во Сарај, повредено 9-годишно дете

29/07/2026
Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

29/07/2026
Македонија

Аларм во Охрид: Водата во Елшани и Велестово небезбедна за

29/07/2026
Македонија

Армијата нема да се повлече од Гостивар додека трае потребата

29/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради

29/07/2026
Македонија

Уште 300 специјализанти ќе добијат работа до крајот на годината,

29/07/2026
Македонија

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44743
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти на Инфективна

29/07/2026

Уште три нови случаи на западнонилска треска се потврдени во земјава, информираше министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека надлежните

Автомобил удрил во електричен тротинет во Сарај, повредено 9-годишно дете

29/07/2026

Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет учествувало во сообраќајна несреќа со патничко возило во

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

29/07/2026

Компанијата Лимак Скопје има нов генерален директор. На оваа позиција е назначен Санџак Курт, долгогодишен кадар на групацијата Лимак со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy