
Здружението на јавните обвинители се огласи по предложените измени на Законот за платите на јавните обвинители
На дневниот ред на 89-тата седница на Собранието на РСМ, закажана за денеска 25.02.2026 година, се предлага закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители предложен од група пратеници.
Врз основа на одлука на Собранието и на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, донесена на 24.02.2026 година, упатуваме итна јавна реакција со која бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана.
За тоа постојат повеќе објективни причини:
Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години наназад не им се исплаќаат поради недостаток на средства во Буџетот.
Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана.
