Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Здружение на јавни обвинители: Со лаги и вулгарности се врши притисок врз обвинители
Македонија

Здружение на јавни обвинители: Со лаги и вулгарности се врши притисок врз обвинители

30/01/2026

AA

Здружението на јавните обвинители најостро реагира на објавите на социјалните мрежи од лицето Зоран Божиновски, кое се декларира како фриленс новинар, а своите профили и страници континуирано ги користи за клевети, навреди и притисоци врз повеќе јавни обвинители.

Иако јавните обвинители извршуваат јавна функција и во таа смисла нивната работа може да биде предмет на јавна критика, сепак последните вулгарни и недостојни објави на Божиновски, особено во однос на јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и нејзиното најтесно семејство ги надминуваат сите граници на толеранција и нормален јавен дискурс.

Нагласуваме дека станува збор за јавна обвинителка која исклучително професионално ја врши својата должност, постапува во особено тешки и сложени предмети, што ја прави неприфатлива секоја форма на притисок во однос на нејзиното постапување.

Изнесувајќи лажни и навредливи информации за јавните обвинители ова лице се обидува, штитејќи евентуални заднински интереси во конкретни предмети, да влијае врз конкретните јавни обвинители, но и да го наруши професионалниот углед на целата јавнообвинителска фела.

Со оглед на тоа што Божиновски, поради непочитување на кодексот и професионалната етика на новинарите, е исклучен од новинарските здруженија, јавните обвинители кои се соочуваат со континуирани напади преку неговите објави не се во можност да ги искористат инструментите на саморегулација.

Од тие причини, Здружението на јавните обвинители има обврска да реагира и ќе ги преземе сите потребни чекори за поддршка и институционална заштита на своите членови кои се соочуваат со притисоци преку објавите од Божиновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy