Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАРИТЕ НА ЛОВЦИТЕ ЗАВРШИЛЕ ВО НЕГОВ ЏЕБ Претседател на ловечко друштво осомничен дека присвоил над 1,3 милиони денари
Македонија

ПАРИТЕ НА ЛОВЦИТЕ ЗАВРШИЛЕ ВО НЕГОВ ЏЕБ Претседател на ловечко друштво осомничен дека присвоил над 1,3 милиони денари

30/01/2026

AA

Претседател на ловечко друштво од Струмица е осомничен дека во период од две години присвоил над 1,3 милиони денари од сметката на здружението што го водел.

Станува збор за 41-годишниот Д.Р. од Струмица, против кого СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, поради сомнение за кривично дело „проневера во службата“.

Според полицијата, осомничениот, како претседател на ловечкото друштво и овластен потписник на неговата трансакциска сметка, во текот на 2024 и 2025 година во повеќе наврати подигнувал поголеми парични износи. Наместо средствата да бидат искористени за потребите на друштвото, тој ги присвојувал за лична корист.

„Подигнатите пари не биле поткрепени со никаква документација, оправдување или сметководствено покритие“, информираат од полицијата.

Со ваквото постапување, како што наведуваат од СВР Струмица, Д.Р. за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, со што директно е оштетено ловечкото друштво.

Случајот е пријавен до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошниот тек на постапката.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
Македонија

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026

31/07/2026
Македонија

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44784
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026

Топлото и стабилно време продолжува и во наредниот период, а метеоролозите најавуваат сончеви денови со многу високи температури низ целата

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на пазарот на недвижности

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија бележи зголемена активност во вториот квартал од 2026 година, со значителен раст на бројот на

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените вредности, се чека финален извештај

31/07/2026

По појавата на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец, надлежните институции спроведоа вонредни контроли и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy