Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Здравјето нема цена! Кои се најголемите болници и колку заработија големите лаборатории?
Економија

Здравјето нема цена! Кои се најголемите болници и колку заработија големите лаборатории?

23/05/2023

AA

Убедливо најголем провајдер на здравствени услуги во приватното здравство е клиничната болница „Аџибадем Систина“ која лани продуцирала мдицински услуги за над 60 милиони евра. Кај понудувачите на лабораториски услуги најголем приход лани остварила „Авицена“ Скопје. Најголемите 11 приватни болници и поликлиники лани направиле прход од околу 120 милиони евра, а само за споредба сите услуги што лани ги платил државниот Фонд за здравство чинат над 300 милиони евра

Македонија минатата година имала 11 приватни болници меѓу кои има поликлиники, специјални болници, гинекологии, очни болници и центри за дијализа кои генерирале приходи еднакви или поголеми на 100 милиони денари (1,6 милиони евра), покажува анализата што Фактор.мк ја направи на достапни и официјални податоцо од базата на државниот Централен регистар.

Во овие 11 болници и поликлиники лани се слеале околу 120 милиони евра пари на граѓаните кои имале потреба од приватна здравствена услуга. Дел од парите се обезбедени директно и лично од граѓаните, дел преку полиси за приватно здравствено осигурување  во кои вложуваат осигуреници и дел се од државниот фонд за здравствено осигурување кој плаќа за услуги кои ги обезбедуваат приватни болници.

На македонскиот пазар на здравствени услуги кои ги нудат приватни медицински компании лани убедливо доминирала најголемата клиничка болница „Аџибадем Систина“. Нејзиниот приход лани изнесува за нијанса повеќе од половината на целиот приход на најголемите 11 приватни болници. Очигледен е и опфатот и квантумот на здравствени услуги што ги нуди, а логичен заклучок е дека токму ова друштво има високо на ниво на доверба кај граѓаните.

Втора по големина на нашиот пазар лани е специјализираната болница за кардиохирургија „Жан Митрев Клиник“која лани од аспект на репутацијата имаше исклучително тешка година. Оваа здравствена установа беше изложена на јавни критики за лекувања во корона периодот, по што следуваше и обвинение и судски процес. Нејзините приходи лани изнесувале 20 милиони евра, а завршила со загуба од 437.000 евра.

Трета најголема приватна здравствена установа е центарот за дијализи „Дијамед Македонија“ .

Кај медицинските лаборатории лани приматот го имала „Авицена“ од Скопје со реализација од 4,1 милиони евра и добивка од 602.000 евра. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy