
ЗДРАВЈЕТО НА ВУЧИЌ Е СЕРИОЗНО НАРУШЕНО – СЕ ОГЛАСИ АНА БРНАБИЌ: „Колку патетичен мора да си за да лажеш за вакво нешто“
Ана Брнабиќ, претседателката на српскиот парламент, на социјалната мрежа „Х“ напиша неколку реченици за
здравствената состојба на српскиот претседател
Александар Вучиќ, кој денеска итно е
примен во Военомедицинскиот центар во Белград откако ја прекина посетата на САД
и се врати во Србија бидејќи таму му се слошило.
„Еве колку непланирана беше средбата меѓу претседателот
Вучиќ и претседателот Трамп. Колку патетичен мора да си за да лажеш како Понош
за вакви работи. И ова покажува колку сериозно е нарушено здравјето на
претседателот Вучиќ и колку е нехумано сè што прават сите оние што со нетрпение
го очекуваат ова. Засекогаш со Александар Вучиќ! Србија ќе победи!“, напиша
Брнабиќ.
Ево колико није био планиран састанак између председника Вучића и председника Трампа. Колико јадан мораш да будеш да лажеш као Понош око оваквих ствари. И ово говори колико је озбиљно нарушено здравље председнику @avucic и колико је нељудски све што раде сви они које се овоме… https://t.co/Bbbn0XAWoy
— Ana Brnabic (@anabrnabic) May 3, 2025
Вучиќ слета во Белград денеска пладне, откако беше одлучено итно да се заврши неговата
посета на САД поради неговата здравствена состојба. Веднаш бил примен на
Военомедицинската академија во Белград.
Еден ден
претходно, односно вчера ненадејно му се слоши во Флорида каде веднаш побарал
лекарска помош и одлучил да ја прекине посетата на САД.
фото: Х