Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови
Македонија

Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови

03/05/2025

AA

Првиот вицепремиер Изет Меџити денеска на поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар истакна дека пред само неколку години, единствените „градежни“ активности што ги гледале биле гламурознипресконференции и камери насочени кон ленти што никогаш не се пресечени со асфалт.

„Ништо не се градеше.
Денеска, наместо фотообјективи, околу нас трешти звукот на булдожери, багери и камиони. Ние не снимаме рекламниспотови – градиме иднина. Градиме патишта за нашиот народ. Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија јазавршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа. Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома“, истакна Меџити.

Тој и се заблагодари на амбасадорката на САД, Ангела Агелер, за континуираната поддршка.

„Вашето присуство денес е доказ дека стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави не е само на хартија,туку и на чекан, бетон и челик. На работа и на инвестиции. Ви благодариме“, порача Меџити, а потоа упати и благодарност до тимот на БехтелЕнка и достручните служби на Јавното претпријатие за државни патишта.

„Не градиме само автопат – градиме доверба. Во исто време инвестираме во локални улици, канализациски и водоводнимрежи, училишта и амбуланти. Комбинацијата од државни и општински проекти значи дека секоја општина чувствува дека Владата е тука – со реални средства и реални резултати. Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од Кривопаланечко до Ресенско, од тетовско до долненско, од дебарско, до струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план. Затоа што нашите граѓани заслужуваатинфраструктура што го скратува времето, ја зголемува безбедноста и го подобрува квалитетот на живот“, порача Меџити.

Како што вели, денес се поставува камен-темелник на проект вреден 90 милиони евра.

„Дозволете ми да завршам со едно просто ветување: Ќе нѐмерите по завршени километри, не по потрошени зборови. Денешниот темел е симбол на таа политика – политика на дела, а не на празни фрази“, вели Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје –

21/07/2026
Македонија

Голема материјална штета во ГОБ „8 Септември“ по невремето, најоштетен

21/07/2026
Македонија

Невремето предизвика штети во штипската болница, пациентите ќе бидат преместени

21/07/2026
Македонија

УХМР предупредува: Невреме од Албанија и Косово се движи кон

21/07/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонско-индиската економска соработка има голем потенцијал, целта е трговска

21/07/2026
Македонија

УХМР: Нов бран невреме од Црна Гора се движи кон

21/07/2026
Македонија

Невремето го одложи концертот на Џос Стоун во Скопје: Оштетена

21/07/2026
Македонија

Лукровски: Екипите на Општина Карпош се на терен по невремето,

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44539
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број пријави од граѓани до Единствениот број за итни случаи 112.

Голема материјална штета во ГОБ „8 Септември“ по невремето, најоштетен е кровот

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави сериозни последици и врз објектите на Градската општа болница „8 Септември“, каде

Невремето предизвика штети во штипската болница, пациентите ќе бидат преместени – службите расчистуваат низ градот

21/07/2026

Силното невреме што денеска го погоди Штип предизвика материјална штета во Клиничката болница, каде е оштетен дел од кровната конструкција,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy