Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Завршни отворени средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Струга и Скопје
Македонија

Завршни отворени средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Струга и Скопје

04/10/2023

AA

Со настани во Струга и Скопје, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) го заокружува годинешниот циклус отворени средби со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и на локалните институции. Отворената средба во Струга ќе се одржи утре, четврток, 5 октомври 2023, во салата на Советот на Општина Струга, а во Скопје в петок, 6 октомври 2023, во салата на Советот на Град Скопје.

Овие средби, што се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се дел од активностите на Комисијата за зголемување на транспарентноста и приближување на својата работа до граѓаните. Дополнително, ваквите настани нудат можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, со цел подигнување на степенот на препознавање на различните облици на дискриминација, како и за подобра меѓусебна координација во нејзиното сузбивање.

„Организацијата на ваквите отворени средби одново покажа дека директната комуникација со граѓаните, НВО-активистите и претставниците од институциите на локално ниво е особено корисна алатка која на нас во Комисијата ни овозможува ‘од прва рака’ да се запознаеме со предизвиците, но истовремено и да ги објасниме нашите надлежности, начинот на работа и постапување по предметите. Покажаниот интерес од граѓаните и одличните дискусии кои се водеа на овие средби ни покажуваат дека довербата на јавноста во нашата работа се движи во нагорна линија, што дополнително нѐ охрабрува да продолжиме со организација на ваквите форуми“, истакна Весна Бендевска, членка на КСЗД.

Покрај претстојните настани во Струга и Скопје, во овој циклус отворени средби со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веќе се одржаа настани во седум општини – Крива Паланка, Гостивар, Гевгелија, Кавадарци, Берово, Прилеп и Шуто Оризари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44941
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy