Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, донирани се прегледи во вредност од 1.000.000 денари
Македонија

Заврши здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, донирани се прегледи во вредност од 1.000.000 денари

03/07/2023

AA

Караванот „Здравје за сите“ кој овозможи бесплатни кардиоваскуларни прегледи наменети за пензионерите, со посетата на Крушево ја заврши својата мисија. Тимот доктори од Клиника Жан Митрев посети вкупно 11 града во Источна и во Западна Македонија, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.

Реализацијата на здравствениот караван и на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија. Спроведени на терен беа во соработка со локалните организации со цел да се опфати оваа ранлива категорија граѓани кои немаат можност да патуваат или да добијат ваков тип услуги на локално ниво.

Сите пензионери што се пријавија за бесплатни прегледи добија анамнеза, ЕКГ и читање, ултразвучен кардио васкуларен преглед, контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања. Прегледите беа спроведени од докторките специјалисти Јасмина Зафировска и Дашурие Незири.

Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите пензионерите добиваа и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy