Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е кралот на плескавиците за кои скопјани платија 4,2 милиони евра!
Економија

Кој е кралот на плескавиците за кои скопјани платија 4,2 милиони евра!

03/07/2023

AA

Фаст фуд индустријата може да биде профитабилен и високо доходовен бизнис во Македонија доколку се работи професионално и посветено. Неговиот потенцијал е голем од проста причина што составен дел од нашата кулутра е фаст фудот. Скопје има една домашно основана и локално поседувана компанија која е „македонски мекдоналс“ кој не само што успешно се справува со светските ланци на фаст фуд ресторани туку е многу подоходовен и пополураен од нив. Така покажуваат бројките.

„Седмица“ е ултимејт скопски бренд за фаст фуд. За него нема конкуренција. Броките покажуваат дека тоа е омилена брза храна на многу генерации скопјани.

Компанијата што ја произведува омилената скопска плескавица постои 36 години и е основана во веќе далечната 1987 година. Таа е синоним за фаст фуд во Скопје и освен во гурманската веќе е неизоставен дел и од туристичката понуда на Скопје.

Неодоливата плескавица на „Сендвичара 7“ односно популарната скопска „Седмица„ е достапна на четири локации (три сендвичари и еден скара ресторан) во градот и вработува 86 лица. Од продажба на своите фаст фуд деликатеси оваа компанија лани остварила приход вреден 4,2 милиони евра што ја прави неприкосновен лидер на фаст фуд пазарот во Македонија. Добивката од продажбата на повеќе од милион плескавици лани на компанијата и донела добивка од 734.000 евра. Нејзината профитна маргина лани е 17,5 отсто и е убедливо најдобра во споредба со другите два големи конкуренти кои имаат продажба на фаст фуд која се мери во милиони евра.

Второ рангирана компанија за фаст фуд лани на нашиот пазар е „Пласет Донер“ франшиза на странски производител на брза храна. Минатата година оваа компанија во своите пет ресторани за брза храна остварила приход од 3,4 милиони евра. Вработува 65 лица, а лани остварила добивка од 468.000 евра.

На третот место е скопски локален бренд „Ројал Бругер“ кој го произведува компанијата „Ројал Филандре“ од Скопје. Во своите две сендичари оваа компанија вработува 39 лица, а лани остварила приход од 1,8 милиони евра. Добивката изнесува 172.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy