Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Засега не е доставено барање за забрана за увоз на пченица, доколку пристигне Министерството за економија ќе го разгледа
Македонија

Засега не е доставено барање за забрана за увоз на пченица, доколку пристигне Министерството за економија ќе го разгледа

26/04/2023

AA

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека досега до Министерството не е доставено формално барање за забрана на увозот на пченицата, но посочи дека доколку пристигне и ако навистина има потреба ќе биде донесена таква одлука. Од Националната федерација на фармери (НФФ) во понеделникот побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство.

-До Министерството за економија до овој момент такво барање не е доставено. Во моментот кога ќе се достави, ние ќе се координираме со другите институции и ако навистина има потреба да се носи таква одлука, секако дека ќе ја носиме. Но, моментално формално барање нема доставено со факти и аргументи колку е домашното производство, колку е цената, колку може тоа негативно да влијае врз домашниот пазар или пак домашното производство, рече Бектеши.

Ние, посочи тој, како Министерство за економија сме надлежни да донесеме такви одлуки, но тие треба да бидат поткрепени со факти и аргументи, со образложение кое треба да биде инпут и од другите институции, а и директно од нивните организации било тоа да се на производители или на увозници кои се занимаваат со увоз на овој производ.

На новинарско прашање во врска со тоа дали ќе се продолжи кризната состојба во енергетскиот сектор, Бектеши информира дека денеска ќе заседава Комисијата и посочи дека ќе постапат според нивните препораки.

-Денеска Комисијата заседава и до крајот на денот ќе ги добиеме препораките од страна на Комисијата која е формирана претходната година согласно Законот за енергетика. Во моментот кога ќе ги имам препораките ќе ја информирам јавноста, рече Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy