Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запре крвичната постапка за Таргет-Тврдина за нелегалното прислушување
Македонија

Запре крвичната постапка за Таргет-Тврдина за нелегалното прислушување

17/10/2023

AA

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување.

Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата.

Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата.

Судијата Илија Трпков, на денешното рочиште за случајот со нелегалното прислушување од јуни 2017 година, во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека кривичниот совет го имал во предвид предлогот на јавниот обвинител изнесен пред почетокот на денешната главна расправа за предметот.

Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште предложи Судот да ги примени измените на Кривичниот законик врз точките еден и два од обвинението за случајот “Таргет-Тврдина” кои се поблаг закон за обвинетите и да го примени соодветно материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност, додека главната расправа да продолжи за точка три од обвинението, за што ќе се произнесе во завршен збор.

Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште рече дека по однос на точка 1 и 2 од обвинението има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ, од 7 септември 2023 година.

– Со точка 1 од обвинението на обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков и Надица Николиќ им се става на товар кривично дело злосторничко здружување, додека за Владимир Варелов, Васил Исаковски и Маријан Шумуликоски од став 2. Согласно измените намалени се казните на кривичното дело злосторничко здружување, па така предвидени се казни до 3 и 2 години.
Со став 2 од обвинението на обвинетите им се става на товар дека со злоупотреба на службена положба и овластување потешко ги повредиле уставно загарантираните права, па преку злоупотреба на системите за комуникација без судска наредба овозможиле следење. Со измените највисоката запретена казна за ова дело е до 3 години. Сметам дека има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ и предлагам судот да донесе соодветна одлука, со која ќе ги земе во предвид и соодветно да го примени материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата. По однос на точка 3 од обвинението предлагам судскиот процес да продолжи, изјави обвинителката Ристовска.

Судечкиот совет, се повлече за одлучување и се произнесе по пауза од половина час.

По одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот, тој на почетокот на годинава беше вратен на повторно судење и беше распределен кај судијата Илија Трпков.

Во овој предмет со обвинението опфатени се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy