Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започнува строго контролирање на градбите низ Кочани – граѓаните да пријавуваат!
Македонија

Започнува строго контролирање на градбите низ Кочани – граѓаните да пријавуваат!

18/04/2025

AA

В.Д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски најави дека започнува строга борба со незаконското градење, нагласувајќи дека законските прописи и мерки ќе важат подеднакво за сите.

„Предупредувањето е превентивно. За оние што ќе се спротивстават ќе има кривични пријави, записник, решение за отстранување, а имотот ќе прејде во сопственост на државата. Ги повикувам сите совесни граѓани да пријавуваат бесправно градење кај надлежните општински служби“, изјави Крстевски.

Според Кривичниот законик, казната за тој што гради на туѓо земјиште без одобрение или спротивно на одобрението издадено од надлежен орган е од три до осум години затвор.

„Со легалното градење се плаќаат комуналии, со кои се полни општинскиот буџет, а тие средства се вложуваат во проекти од јавен интерес, во корист на целата заедница. Можеби оваа одлука ќе ја почувствуваат многумина. Можеби ќе изгледа како некој да е „оштетен“. Но вистината е едноставна подобро е материјално погоден, отколку животно загрозен. Трагедијата во дискотеката не разбуди сите. Не смееме да дозволиме повторно да жалиме за нешто што можело да се спречи. Ако не ја научиме лекцијата сега, кога?“, додаде Крстевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В сабота средба Мицкоски–Димитриевски за реконструкцијата на Владата – Минчев

18/06/2026
Македонија

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1

18/06/2026
Македонија

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026
Македонија

МЕГА-АФЕРА ВО ФФМ: Двајца поранешни претседатели „испумпале“ над 180 милиони

18/06/2026
Македонија

Радев одби средба со Мицкоски: „Немаме што повеќе да си

18/06/2026
Македонија

Бугарскиот амбасадор во Скопје апелира: Отворените граници се лек против

18/06/2026
Македонија

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило

18/06/2026
Македонија

Мемов: Ангажирањето на пензионерите во приватниот сектор е од корист

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43805
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В сабота средба Мицкоски–Димитриевски за реконструкцијата на Владата – Минчев се пофали: Министрите на ЗНАМ

18/06/2026

Партиски делегации предводени од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ, Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски, в сабота ќе одржат средба

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1 јули

18/06/2026

ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ соопшти дека во периодот од 22 јуни до 1 јули 2026 година ќе бидат привремено укинати повеќе

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026

Безживотното тело на 75-годишна државјанка на Република Северна Македонија беше извлечено од морето кај Неа Каликратија, Халкидики. Жената со амбулантно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy