
Започнува наплата на паркингот на Националната арена
АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен објави дека започнува наплатата на паркингот околу Националната арена „Тодор Проески“ во градскиот парк на Скопје.
Станува збор за паркинг од отворен тип со 260 места за паркирање со надоместок за издавање на картичка која изнесува 250 денари и е на товар на корисникот.
Паркинг карта за паркирање за еден час е 50 денари. Месечна карта е 2.500, односно 3.000 денари за физички и правни лица. Годишно паркирање ќе чини 25.000 и 30.000 денари за поединец, односно за фирмите.

