Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Деспотовски: Годината беше успешна, прв пат ја надминуваме бројката од 18 илјади работни места
Македонија

Деспотовски: Годината беше успешна, прв пат ја надминуваме бројката од 18 илјади работни места

26/12/2023

AA

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски ја оцени 2023-та како успешна година. Прв пат, рече, се надмина бројката од 18 000 работни места што е над 11 проценти раст во однос на лани.

ТИРЗ, информира Деспотовски на брифинг со новинарите, во 2023-та регистрира и минимум 20 проценти раст на бруто платата во однос на просекот минатата година.

Според него, оваа година се очекуваат минимум 75 милиони евра прилив во Буџетот по основ на придонеси. Има и раст на нето извозот кој, како што потенцира директорот, ќе надмине 20 проценти.

Само во 2023-та, истакна Деспотовски, се склучени нови договори вредни 450 милиони евра кои ќе отворат речиси 7 000 нови работни места.

-Имаме успешна година која ја оставаме зад нас. Она што посебно ме радува е тоа што двете основни цели што ги поставивме во почеток на мојот мандат, а тоа е растот на работните места и растот на платите, ги остваруваме. Оваа година првпат ја надминуваме бројката од 18 000 работни места. Тоа значи дека имаме здрав тренд на пораст на бројот на работни места којшто продолжува и оваа година. Годинава веќе имаме над 11 проценти раст на бројот на работни места споредено со минатата година. Она што исто така е многу важно и исто така лично многу ме радува е тоа што регистрираме значителен пораст на бруто платата во однос на просекот минатата година, зборувам за минимум 20 проценти. Велам минимум бидејќи се уште ги очекуваме податоците за декември. Меѓутоа, заклучно со она што го имаме со податоци со ноември говори дека бруто платата во рамки на зоните прво го надмина износот од 60 000 денари и второ, расте со повеќе од 20 отсто што е пет процентни поени подинамична во однос на растот на платите во националната економија, изјави Деспотовски.

Важно е, дополни, што се бележи континуиран раст на платите во Буџетот.

-Оваа година очекуваме минимум 75 милиони евра по основ на придонеси, данок на добивка и персонален данок на доход да се слеат во буџетот, 75 милиони евра што ќе се наменат за образованието, здравството,…, следната година. Само ќе потсетам дека на почетокот на мандатот на оваа политичка гарнитура имавме годишни уплати во буџетот кои не поминуваа повеќе од 10 милиони евра. Сето тоа е резултат и на зголемениот квалитет на работата на самите компании. Оваа година имаме раст на нето извозот кој ќе надмине 20 проценти, односно зборуваме за бројки што се над 650 – 700 илјади евра пари што остануваат во државата на основа на разликата помеѓу она што е увезено и она што е извезено надвор, рече Деспотовски.

Во однос на новите договори, склучени годинава, тој потсети прво на тајванската „Јагео“, најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата, која инвестира 205 милиони евра.

-Но, и останатите компании кои веќе работат и вработуваат, придонесуваат за бројката од 450 милиони евра. Така што, со овие нови договори само од оваа година е предвидено да се отворат близу 7 000 нови работни места, нагласи директорот на ТИРЗ.

Во компаниите во зоните, информира, најмалку 95 отсто се вработени луѓе од земјава.

-Нормално, компаниите ангажираат и кадар што доаѓа од матичните компании или од други локации, меѓутоа, многу е мал бројот. Пред се, станува збор за постручен кадар, како инженери. Почнавме кампања со која ќе се обидеме да ги задржиме младите луѓе тука, тоа е многу важно. Но, сметам дека имаме се уште многу голем број ангажирани наши работници во домашната економија во сектори што се доста трудоинтензивни и кои постепено ќе треба да ги напуштиме. Значи, зборувам за десетици илјади луѓе. Имаме голем број луѓе ангажирани во јавниот сектор за кои сметам дека треба да се стават на располагање на приватниот сектор. Би бил многу внимателен при заговарање на увоз на работна сила. Прво, да си ги согледаме резервите што постојат дома, да ги искористиме тие, да ги платиме луѓето добро, па потоа да размислуваме понатаму, порача Деспотовски.

Некои проекти што ТИРЗ веќе ги најави, не се реализирани зашто, според директорот, сите институции не го следат ентузијазмот со кој работи Дирекцијата.

-Годинава најавивме, но, за жал, не успеавме да го реализираме тоа. Работиме и функционираме во систем во кој не сите институции и не сите актери го пратат ентузијазмот со кој работиме. И тоа е факт и тоа сум го кажал во неколку наврати. Нема да именувам со кои институции имаме проблем, меѓутоа она што можам да го кажам е дека не се откажуваме од намерата, потенцира Деспотовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА КАЖЕ ОД КОГА ЗНАЕЛ ЗА СКАНДАЛОТ ТЕЖОК

07/10/2026
Македонија

УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за

06/10/2026
Македонија

ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата

06/10/2026
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46018
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА КАЖЕ ОД КОГА ЗНАЕЛ ЗА СКАНДАЛОТ ТЕЖОК 37 МИЛИОНИ ЕВРА Го обелодени

07/10/2026

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден

УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за викенд се можни поројни врнежи

06/10/2026

Времето во среда, 7 октомври, ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од

ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата ги претресува неговиот дом и

06/10/2026

Полицијата вечерва соопшти дека ги претресува домот и службените простории на виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. Постои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy