Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започнува голема наградна игра во пресрет на вториот роденден на Diamond Mall – главна награда автомобил Geely Cityray
Македонија

Започнува голема наградна игра во пресрет на вториот роденден на Diamond Mall – главна награда автомобил Geely Cityray

01/09/2025

AA

Под мотото „На наградите им нема крај“ од денес започнува наградната игра во Diamond Mall.  Наградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година,  месецот кога се одбележува вториот роденден. 

Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од по 25.000 денари, осум парични награди во вредност од по 10.000 денари и 10 парични награди во вредност од по 5.000 денари. 

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони. 

Пoкрај наградната игра Diamond Mall подготвува и дополнителни изненадувања. Во финална фаза се подготовките за отворањето на најголемиот фитнес центар, кој ќе ги понуди последните трендови во оваа индустрија, адаптирани според денешниот начин на живот. 

Уникатната понуда на Diamond Mall ќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил. Планирани се и дополнителни изненадувања и нови содржини кои ќе бидат достапни наскоро. 

Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава. Со површина  од  7.000м2, разноликата понуда од едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone), врвната гурманска понуда во „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue) и разновидната шопинг понуда, Diamond Mall, станува препознатливо место во градот. 

Купоните за учество во наградната игра ќе може да се подигнат на пултот во Diamond Mall,  а повеќе детали за наградната игра, ќе најдете на веб страницата https://diamondmall.mk/en/campaign/rodendenska-nagradna-igra .

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy