
Започна судењето против Османи – не се појави на суд, вели неоснована е тужбата
Денеска во Граѓанскиот суд во Скопје започна судењето против министерот за надворешни Бујар Османи.
Тжбата е за клевета и навреда која во месец јануари ја поднесе претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и самата организација, и истата се однесува за изјава дадена во октомври за бугарската БТВ во која министерот истакна дека треба да се провери кој стои зад отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград и да се види дали навистина има добронамерност или е дел од туѓа агенда.
Застапникот на организацијата ги претстави доказите пред судот, кажа дека побарале извинување од Османи кое до денеска не го добиле отштета од 10 илјади евра.
Од друга страна пак, од Министерството за надворешни работи истакнаа дека Османи нема да се појави на рочиштето, бидејќи нема покана за на суд.
„Денес се одржува рочиште на кое се поканети адвокатите. Што се однесува до самата тужба, таа е целосно неоснована. Министерот никогаш не дал изјава која може да се смета за навреда, клевета или која предизвикува штета. Целта очигледно не е правна разврска, туку јавна дискредитација. Веруваме дека во објективна постапка судот ќе ги увиди фактите, и соодветно, ќе ја отфрли тужбата како неоснована“, велат од МНР.
Неговиот адвокат Љупчо Илиев пак вели дека е изразено само јавно мислење а по однос на активности на здружение, и од изјавата не може да се произлезе дека имало намера за било кој да биде омаловажен.
Следното рочиште е на 29-мај кога се очекува министерот да биде поканет.
