Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме систем за рано предупредување, имаме нафта, енергенси!
Македонија

Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме систем за рано предупредување, имаме нафта, енергенси!

01/03/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по итно свиканата седница на Советот за безбедност упати порака до јавноста дека македонските безбедносни институции будно ја следат ситуацијата на Блискиот Исток. Таа нагласи дека врз основа на сите разузнавачки податоци, безбедносната состојба во земјава е оценета како стабилна.

„Иако седницата беше закажана итно поради состојбите со кои се соочува светот, сите членови на Советот беа присутни. Добивме информации од Агенцијата за разузнавање, АНБ, МНР, одбрана и внатрешни работи, како и од началникот на Генералштабот. Може да се оцени дека состојбата е стабилна и безбедна. Ние во моментов не сме изложени на нестабилност, ниту има опасности по безбедноста внатре и во регионот“, изјави претседателката.

Таа додаде дека веќе постои систем на рано предупредување и постојана координација меѓу сите надлежни органи.

„Институциите ја следат состојбата во рамките на нивните надлежности, ги анализираат состојбите и се координираат. Оваа оценка на стабилност е релевантна и важна.“

Сиљановска-Давкова информираше дека расте бројот на македонски државјани во загрозениот регион кои се пријавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва. Главниот проблем во моментов е логистиката поради затвореното небо.

„Луѓето се загрижени, а причината е затвореното небо за прелети во некои држави, како на пример Катар. Имаше можност за бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Фактот е дека сите се безбедни и во постојан контакт со МНР, кое работи на изнаоѓање на најдобар и најбрз начин за евакуација на оние кои сакаат да си дојдат дома“, истакна таа.

На седницата се разговарало и за економското влијание и енергенсите, при што надлежните ресори информирале дека нема простор за паника.

„Интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција. Законот предвидува дека мора да има обезбедени резерви на нафта за период од 40 до 90 дена, и тоа е исполнето. Имам цврсто уверување, документирано со податоци, дека во моментов нема за што да се грижиме“, потенцираше Сиљановска-Давкова.

Посебно внимание е посветено на заштитата на специфични објекти во земјава кои би можеле да бидат мета поради глобалниот конфликт.

„Постои закана или сомнеж ширум светот дека објекти како синагоги или седишта на еврејската заедница, а кај нас и Музејот на Холокаустот, можат да бидат места на кои треба да им се посвети посебно внимание. Добивме информација дека и тоа се следи, е под заштита и контрола, па не очекуваме изненадувања.“

На крајот, претседателката нагласи дека е важна улогата на новинарите во вакви моменти кога настаните се менуваат со огромна брзина, повикувајќи на смиреност и следење на официјалните информации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy