Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демант од Фарма Трејд: Немаме сторено никаков прекршок
Економија

Демант од Фарма Трејд: Немаме сторено никаков прекршок

18/04/2023

AA

ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА ДЕМАНТ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ТЕКСТ СО НАСЛОВ
„КАРТЕЛИ: Трговци со инсулин во Македонија лани казнети со 110 милиони денари“

На ден 12.04.2023 година на интернет порталот www.faktor.mk објавивте текст со наслов
„КАРТЕЛИ: Трговци со инсулин во Македонија лани казнети со 110 милиони денари“. Со
објавениот текст, а со цел да се стигне до сензационална вест, се создава погрешна слика, далеку
од вистината, притоа без да побарате наш став и изјава, како засегната страна која во повеќе
наврати се споменува во наведениот текст. 

Согласно со сите стандарди и правила кои важат и се применуваат во новинарската
професија пред објавување на информација од каков било вид, потребно е да биде проверена низ
призмата на двете засегнати страни, а не тоа да биде врз основа на објаснување само од едната
страна.
Доколку подетално го истражевте случајот или пак, побаравте изјава од нас, децидно ќе
потенциравме дека со правосилна пресуда на Управниот суд утврдено е дека Друштвото ФАРМА
ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ги нема повредено законските одредби од Законот за заштита
на конкуренцијата, па следствено на тоа нема сторено никаков прекршок како што тврдите во
објавениот текст.

Друштвото ФАРМА ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е трговско друштво со
долгогодишна традиција и реноме, како на македонскиот, така и на странскиот пазар. Застапници
сме на странски фармацевтски производители и сме редовен учесник во постапките за јавни
набавки на фармацевтски производи и лекови. Успешно сме реализирале голем број договори за
јавна набавка склучени со јавните здравствени установи, со крајна цел, доброто на нашите
граѓани.

Со објавата на гореспоменатиот текст, базиран на непотврдени и неточни факти, се врши
директен атак врз името и угледот на Друштвото ФАРМА ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје. Поради тоа Ве
повикуваме да го остраните штетниот текст од вашиот интернет портал, а воедно и да го објавите
овој демант.
Се надеваме дека ќе постапите навремено и професионално по ова наше барање, во
спротивно ќе бидеме принудени да преземеме законски дејствија против Вас за заштита на името
и угледот на нашата компанија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
Македонија

Сопственик на штала физички нападнал пожарникари што гаселе пожар кај

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45027
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy