Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна хоророт на северот на Газа: Нападнат конвој палестински цивили, меѓу убиените има и деца
Македонија

Започна хоророт на северот на Газа: Нападнат конвој палестински цивили, меѓу убиените има и деца

14/10/2023

AA

На северот на Газа имаше напад врз конвој палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа, а според првите извештаи од петокот вечерта меѓу убиените има и деца.

Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.

Патот беше блокиран цел ден, бидејќи северните жители на Газа го послушаа предупредувањето на Израел да ја напуштат областа.

Британскиот јавен сервис вели дека на снимката се гледаат најмалку 12 тела. Главно се работи за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека го истражуваат нападот, но тврдат дека „непријателот се обидува да ги спречи цивилите да го напуштат северот“.

Би-би-си додава дека нападот се случил на една од двете рути за евакуација. Израел им порача на жителите на северниот дел на Појасот Газа, каде живеат повеќе од милион Палестинци, да се евакуираат на југ, пред најавената израелска копнена офанзива.

Денеска Израел соопшти дека им дал на преостанатите цивили уште неколку часа да се евакуираат.

Повикот за евакуација се однесува на градот Газа и на двата главни бегалски кампови, Џабалија и Камп на плажа.

Организациите за човекови права рекоа дека ваквото големо движење на луѓе неизбежно мора да предизвика хаос и дека тоа е крајно опасно, додека Обединетите нации велат дека е невозможно да се евакуираат 1,1 милион Палестинци кои живеат на северот на Појасот Газа во 24. часови..

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41733
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy