Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната Конференција на Паневропската Унија на Македонија
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната Конференција на Паневропската Унија на Македонија

20/02/2026

AA

Граѓаните на Македонија се разочарани и уморни од континуираните блокади на нашиот евроинтегративен пат – изјави претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на меѓународната Конференција на

што се одржува вечерва (петок) во Скопје.

– Секогаш кога ќе направиме чекор напред кон Европската Унија, ни се спушта железна завеса која не може да ја пробиеме – рече претседателката Сиљановска.

Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси. Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата. Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.

Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународната конференција насловена „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“.

Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите на Европа од Салцбург.

На свеченото отворање се обратија и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Паневропската унија на Австрија Рајнхард Клоучек, Штефан Хабек од Институтот на регионите на Европа и Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ

24/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ВЕДНАШ ЗАД УКРАИНА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Полимаркет

24/09/2026
Македонија

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ

24/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите

24/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени,

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ Мајсторот од Горна Матка исчезнал

24/09/2026

46-годишен маж од Скопско пријавил дека бил измамен за 338.250 денари откако на лице од Горна Матка му дал пари

МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ВЕДНАШ ЗАД УКРАИНА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Полимаркет ја смести пред Франција и

24/09/2026

Македонија неочекувано се искачи меѓу главните фаворити за победа на Јуниорската Евровизија 2026. На Полимаркет во моментов е на второто

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да аплицираат и младите од Македонија

24/09/2026

Европската Унија дистрибуира нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз за 18-годишници, наменети за патување со воз низ Европа.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy