
Западот ќе сака да му ја тргне косовската карта од рацете на Путин, вели Вучиќ
Западот ќе сака да му ја тргне косовската карта од рацете на Путин, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Додаде дека говорите на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џозеф Бајден покажуваат дека конфликтот во Украина дополнително ќе ескалира.
„И двајцата покажаа голема решителност, бескомпромисност, желба за победа“, рече српскиот претседател.
Вучиќ рече дека колку е покомплицирана ситуацијата во светот, толку е потешко и за Србија поради притисокот.
За два дена се навршува година откако Русија ја почна инвазијата на Украина.