Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Занаетчиска комора Скопје: Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи
Македонија

Занаетчиска комора Скопје: Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи

02/03/2023

AA

Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи, а формирањето на цената на лебот не треба и не може да зависи само од цената на електричната енергија, сметаат пекарите при Занаетчиска комора Скопје.

-Впрочем, поголем дел од производителите на леб и бели печива не печат на струја. Некои користат печки на гас, други имаат поставено фотоволтаици, а пак трети користат печки на дрва. Цената на лебот не се формира само во зависност од цената на брашното, бидејќи за да произведе леб потребни се и други репроматеријали, чија што цена сведоци сме дека во континуитет постојано е во пораст, велат од Секцијата на пекари при Занаетчиска комора Скопје.

-Врз цената на лебот секако влијаат и човечките ресурси кои се вклучени во производството, односно во вкупните пресметки треба да се земе во предвид и покачувањето на минималната плата на вработените, а со тоа порастот на придонесите, како значаен фактор за утврдување на цената на лебот. Ваквата мерка на државата за ограничување на цената на лебот може само негативно да се одрази со намалена понуда на пазарот и појава на дефицит на основни пекарски производи, како што е лебот, а тоа да доведе и до намалување на бројот на вработените и затворање на дел од бизнисите, посочи Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.

Според неа, пекарите, секојдневно се соочуваат со нови предизвици за опстанок и се уште се опоравуваат од последиците од покачувањето на цените на репроматеријалите, покачувањето на енергентите, големиот процент на миграција на работната сила од овој сектор во странство, огромниот дефицит на пекари, како и потешкотиите навремено да ги исполнат обврските по основ плата и придонеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy