Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА „СУПЕРПРОДАВНИЦА“ ГО ПРЕСТИГНА АМАЗОН, А ПОСТОИ САМО ЕДНА ГОДИНА: Симнувањето на апликацијата соборува рекорди
Економија

НОВА „СУПЕРПРОДАВНИЦА“ ГО ПРЕСТИГНА АМАЗОН, А ПОСТОИ САМО ЕДНА ГОДИНА: Симнувањето на апликацијата соборува рекорди

02/03/2023

AA

Новата платформа за онлајн шопинг поврзана со еден од
водечките кинески трговци на мало брзо стана апликација број 1 во Соединетите
држави – во однос на обемот на преземање. Освен тоа, успеа да ги надмине гигантите Amazon и Walmart.

Според CNN, Тему,
онлајн продавач со седиште во Бостон, кој го дели истиот сопственик како и
кинескиот гигант Пиндуодуо, дебитираше на Супер Боул во неделата.

Тоа е онлајн
продавница за речиси секаков вид на стоки: од домашна опрема, облека до
електроника.

За време на
престижниот спортски настан, кој се одржува секоја година во Америка, Тему
претстави реклама со која ги охрабрува потрошувачите да „пазаруваат како
милијардери“.

Тему сега сака да
го искористи својот потенцијал на најголемата сцена во Америка.

– Сакаме да
споделиме со нашите потрошувачи дека можат да купуваат со чувство на слобода,
поради цените што ги нудиме – изјави портпаролот на Тему за Си-Ен-Ен.

Видео спотот од
30 секунди им го кажува на корисниците следново:

„Чувствувајте се
како да се расфрлате со тоа што купувате многу за малку пари. Женскиот
костим за капење на Temu чини само 6,50 долари, додека пар безжични слушалки
чини 8,50 долари. Тример за веѓи чини 90 центи“.

Овие изненадувачки ниски цени – барем според западните
стандарди – се споредуваат со Shein, кинескиот синџир за брза мода, кој исто
така нуди широк избор на евтина облека и домашни работи, и направи значителен
упад на пазарите вклучувајќи ги и САД.

Shein се смета за еден од ривалите на Тему, заедно со
американскиот трговец со попусти Wish и AliExpress на Alibaba. Патем, Тему се
изговара „ти-му“ („ти-му“), а беше лансиран дури минатата година. Нејзината матична компанија –
Пиндуодуо – котира на американската берза и е една од најпопуларните платформи
за е-трговија во Кина, со околу 900 милиони корисници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy