Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Занаетчиите предупредуваат: Наглото зголемување на минималната плата може да ја загрози нивната работа
Македонија

Занаетчиите предупредуваат: Наглото зголемување на минималната плата може да ја загрози нивната работа

04/02/2026

AA

Занаетчискиот сектор и малите семејни бизниси во земјава се наоѓаат пред можни сериозни финансиски предизвици поради најавеното зголемување на минималната плата на 600 евра, предупредува Занаетчиската комора – Скопје. Иако растот на минималецот може да ја подобри куповната моќ на работниците, Комората нагласува дека имплементацијата мора да биде внимателно планирана за да не доведе до негативни последици за стопанството.

Од Комората појаснуваат дека не се против покачување на платите, но дека тој треба да биде реален, законски утврден и темелно анализиран. Наглото зголемување на минималецот би значело драстично зголемување на трошоците за придонеси, што многу занаетчии не можат да го издржат. Во услови на растечки трошоци за струја, репроматеријали и закупнини, дополнителниот финансиски притисок може да резултира со затворање на дуќаните и отпуштање на работници.

Претседателот на Комората, Горан Ристовски, посочи дека особено ранливи се занаетчиите од помалите градови и руралните средини, каде што куповната моќ е пониска, а и работната сила и клиентелата се намалуваат. За да ја зачуваат ликвидноста, многу занаетчи би биле принудени да ги зголемат цените, што дополнително може да ја намали побарувачката.

Ристовски истакна дека новата минимална плата директно ќе ги погоди и занаетчиите кои плаќаат паушален данок, како и оние кои се оданочуваат според реално остварен приход, бидејќи повисоките придонеси ќе важат без оглед на моменталните приходи.

Прашањето за минималецот се актуелизира по барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, кои инсистираат на зголемување на 600 евра како заштита од инфлацијата и растот на трошоците за живот. Синдикатите сметаат дека платите заостануваат зад реалните потреби, додека од занаетчискиот сектор предупредуваат дека унифицираното покачување може да доведе до губење работни места, наместо нивна заштита.

Според податоците на Комората, во Скопје работат над 2.300 занаетчии, а на ниво на држава нивниот број изнесува речиси 8.000. Иако се забележува растечки интерес кај младите за дуалното образование и занаетчиските професии, Комората нагласува дека без внимателно балансирање меѓу социјалните цели и економската реалност, ризикот овие работни места да исчезнат останува висок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy