Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ АКО ИМА ПОТРЕБА: Одлуката истекува на 30 јуни
Економија

ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ АКО ИМА ПОТРЕБА: Одлуката истекува на 30 јуни

28/06/2023

AA

На пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровините од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува примената на Одлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови, смета Министерството за економија.

Од Министерството велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Сепак, доколку се оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.

– Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови. Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката – наведуваат од Министерството за економија. 

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. 

Со Одлуката највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026
Македонија

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра

17/02/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди

17/02/2026
Македонија

Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија

17/02/2026
Македонија

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите

17/02/2026
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди

17/02/2026
Македонија

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41564
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026

По обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион, Владата денеска соопшти дека леталото било користено исклучиво согласно законските прописи

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра – поднесена кривична пријава против

17/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди итно пренесено во болница

17/02/2026

Осумнаесетгодишно момче е тешко повредено откако рано утрово било удрено од автомобил на улицата Миро Барага во Пробиштип. Несреќата се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy