Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ, А ПРОИЗВОДИ НЕМА – Еве колкава е разликата кај цените во период од две години
Економија

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ, А ПРОИЗВОДИ НЕМА – Еве колкава е разликата кај цените во период од две години

10/05/2023

AA

Помеѓу 10 и 20
денари по парче или по килограм се зголемени цените на производите во
малопродажба во последните две години. Податоците на Државниот завод за
статитика ги откриваат просечните цени за земјава за дел од производите во
малопродажба. За нашите потреби изработивме посебна табела од десетина
производи кои се меѓу најкористените во секојдневието. Спордбата покажува дека
во период од две години има раст кај сите производи во малопродажба, и притоа
поскапувањето е од 10 до 20 денари по килограм производи.

Така на пример
компирите во 2021 година се продавале по цена од 25 денари, додека минатиот
месец тие достигнале 48 денари во продавниците. Гравот, и покрај замрзнувањето
од некогашните 153 денари, периодов се продава по цена од 196 денари. Големо
поскапување има и кај бананите кои во 2021 година се продавале за 59 денари
просечна цена, додека годинава просечната цена достигнува 85 денари за
килограм.

Но, инфлацијата не
ги зафати само некои производи, туку напротив сите продукти, па зголемени
цените имаат сите производи.

Како што објави
Државниот завод за статистика последните индексот на трошоците на
животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец е 0,7 проценти, а индексот на цените
на мало 1,4 отсто. Сепак, на годишна основа трошоците
на животот во април 2023 година, во однос на април 2022 година се зголемиле за 13 отсто, а индексот на цените
на мало бележи зголемување од 10,1 проценти.

Во текот на
завчерашниот ден министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека има тренд
на намалување на цените на храната кој според него ќе продолжи и
понатаму, затоа што се намалени како што рече тој, трошоците на производителите
за репроматеријалите, електричната енергија и за гориво.

– Разликата во трошоците
за живот и цени на мало за храна и безалкохолни пијалоци е падната за 5,2 отсто
во периодот од март 2023 до април 2023 за еден месец. Ако во април инфлацијата
на храната била 21,7 отсто, сега е 16,5 во април. Тоа значи дека мерките го
дадоа својот резултат. Тоа не е само поради делот на замрзнување на цени, туку
и во делот на контролирање на ланецот на трговијата, почнувајќи од
производителите па до потрошувачот, смета Бектеши
 (линк).

Но, наспроти ова,
граѓаните алармираат дека замрзнатите цени не го даваат посакуваниот ефект, дел
од нив се жалат дека некои од производите воопшто не можат да се најдат низ
маркетите, или дека се продаваат „под рака“ како да се купуваат недозволени
супстанци, или пак се продаваат по замрзнати цени, а на пазарите се купуваат и
по многу пониски цени.

-Деновиве низ
локалните маркети не можам да најдам грав никако. Најпосле најдов на зелениот
пазар, но таму по цена од 300 денари. Ем морам да одам до центар, ем екстра
скапо. Од друга страна низ локалните продавници се продава зеленчук по
замрзнати цени, еве краставиците во Ново Лисиче се по цена од 70 денари, а на
пазар се многу поевтини дури 40 денари – укажува пеесет годишна скопјанка.

 Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАЕН И ЗАСТРАШУВАЧКИ ЕФИКАСЕН „КОНТРАЦЕПТИВ“ Традиционалниот метод „прекини

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45819
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара притвор за да не влијае

26/09/2026

Обвинителство поведе истражна постапка против инспекторката за храна за која постои основано сомнение дека примила поткуп. Осомничената 42-годишна вработена во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy