
„Заминувањето на Бускец е почеток за враќањето на Меси!“
Бускец пред два дена после 15 години во Барселона и освојување на сѐ можно во кариерата објави крај на кариерата во каталонскиот тим, со одлука да го препушти местото на помладите, а според Тебас со ова почнува процесот на враќање на Меси, иако сѐ уште е далечен.
Каталонците за да го вратат Меси ќе мора да се ослободат од низа фудбалери за да го ослободат буџетот, а притоа ќе мора и да прикажат сериозни приходи од над 150 милиони евра за да ги исполнат финансиските правила за новата сезона.
„Заминувањето на Бускец е почеток на враќањето на Меси. Но, потребно е да направат уште низа работи, а јас сѐ уште не сум дал никаква дозвола“, рече Тебас.
Меси од Барса замина во 2021 година откако Каталонците поради тешката финансиска состојба не можеше да го ресистрираат со веќе договорената нова соработка.
