Дали сте знаеле дека на Титаник имало и Галички кашкавал
На трпезата на Титаник се нашол и Галичкиот кашкавал. За ова говорат записите на Сер Самоил, роден во 1854 година, еден од инвеститорите за изградба на бродот, кои се чуваат во Кралската национална библиотека во Велика Британија, Сер Самоил во своите спомени ја опишува средбата со некој Ламбе од Галичник, трговец со луксузна стока кој допатувал од Русија.
Британскиот прекуокеански брод „Титаник“, најголемиот патнички брод на светот на тоа време, сопственост на друштвото Вајт Стар Лајн, бил изработен според тогашните најсовремени технологии и се верувало дека не може да потоне. Бродот бил долг 269,1 метри, со носивост од 46.328 тони и имал капацитет од 3.547 патници. Палубите и просториите на бродот Титаник, особено од прва класа, биле прекрасно уредени, а за богатите патници била обезбедена најлуксузната стока.
Титаник со своите парни турбини од 59.000 коњски сили, при полн товар бродот можел да развие брзина од 24 јазли или 44, 57 км/ч. На своето прво патување од Саутхемптон за Њујорк, кое започнало на 10 април 1912 година, капетанот на Титаник имал за цел да го надмине дотогашниот рекорд од 5 дена, 11 часови и 37 минути патување. Меѓутоа, пред полноќ на 14 април 1912 година, околу 22 часот и 30 минути, бродот се удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и по два часа и четирисет минути потонал. Во оваа најголема поморска несреќа загинале 1517 патници, меѓу кои и повеќе Македонци.
Тогашен „Тајмс“ ќе објави дека товарот на Титаник имал огромна вредност. Бродот носел околу 50.000 вреќи кафе, исто толку вреќи индијски чај, покрај тоа дијаманти и бесценети камења со огромна вредност. Меѓу овие вредности, бил и тогаш познатиот „Плав дијаманат“, со огромна вредност, кој сопственикот го купил во Европа и за кого се верувало дека на претходните сопственици им донел несреќа. За да се има престава колкав бил бродот, може да се види и од листата на животните намирници потребни за патување помалку од шест дена: 37.000 кг. свежо месо, 35.000 јајца, 12.000 кг. живина, 40.000 кг. компир, 7.500 литри млеко. 5000 кг. шеќер, 500 кила чај, 200 буриња со брашно, 5.000 кг. зеленчук, 12.000 минирална вода и 16.000 шишиња со пиво и вино. На оваа листа имало и 15 тони кашкавал од Македонија.
Записите на Сер Самоил, роден во 1854 година, еден од инвеститорите за изградба на Титаник, говорат за тоа како Галичкиот кашкавал се нашол на трпезата на Титаник. Во овие записи кои се чуваат во Кралската национална библиотека во Велика Британија, Сер Самоил ја опишува неговата средба со некој Ламбе, трговец со луксузна стока кој допатувал од Русија.
Според записот на сер Семоил, кој по неговата смрт се чува во Кралската библиотека на Велика Британија, Ламбе бил постар човек, со мустаќи и густи веѓи. Тој во Русија дошол од јужниот дел на Балканот, западно од Скопје, во близина на границата со Албанија, а бил роден во село со развиено сточарство, со многу овци и стока која пасела на непрегледните планински ливади.
Исто така, Сер Самуел запишал дека за време на средбата со Ламбе, тој му раскажал за некое трајно, тврдо жолто сирење (кашкавал), кои би можел да се најде на трпезата на големиот брод Титаник. Оваа приказна го заинтересирала Самоил, кој на Ламбе му нарачал да му донесе од тоа познато сирење. Ламбе веднаш заминал во својот роден крај, во денешен Галичник. Според податоците од тоа време, само во Галичник имало 150.000 овци.
Ламбе на коњи и магариња натоварил вреќи со кашкавал и преку планинскиот венец влегол во Албанија и пристигнал во пристаништето Драч. Од таму со брод до Италија, а потоа преку Франција и каналот Ламанш, по шест месеци кашкавалот пристигнал во Англија.
Кога го пробал сирењето (кашкавалот), Самоил не само што израдувал на ексклузивниот производ, кој го платил многу скапо, туку од својот нов пријател Ламбе купил и други стоки со кои тргувал.
Во записот на овој Англичанец, стои дека 15 тони на тврдо сирење било складирано на Титаник, каде бил составен дел на есклузивното мени во бројните салони и тераси на бродот.
Од моментот кога Титаник потонал, многу тајни, куриозитети, трагични приказни и неверојатни судбини на патниците биле откриени, меѓу кои и оваа со галичкиот кашкавал.
Инаку, со Титаник патувале и повеќе Македонци. Осумина од нив загинале во водите на Атлантикот, а четворица преживеале. Меѓу загинатите биле браќата Миле и Јанко Смилески од Тресонче, Петре Ристевски од Канино, фамилијата Јусуфи од Дебар, а меѓу преживеаните бил и Стојко Додоловски (Каевич) од селото Чучер, кој подоцна починал од природна смрт.
Во периодот кога се заминувало на печалба, според тогашните весници, само Велгденските празници ги спречило бројот на патници од Македонија и од другите балкански земји кои се одлучиле да патуваат со Титаник да биде помал. Исто така, интересен е фактот што во овој период во САД се бара да се ограничи влезот на емигранти од Европа.