
Заматена водата за пиење во Крушево – се препорачува превривање најмалку 10 минути
Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање.
Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.
