Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заложници на дива рампа: Хаос на „Варшавска“ – Улица блокирана со обичен допис, Брза помош и Пожарна не можат да припарат до зградите
Македонија

Заложници на дива рампа: Хаос на „Варшавска“ – Улица блокирана со обичен допис, Брза помош и Пожарна не можат да припарат до зградите

16/12/2025

AA

Жителите на „Варшавска 19А“ во скопската населба Тафталиџе се ставени во опасна стапица. Диво поставена рампа, одобрена не со решение, туку со обичен допис од неовластено лице од Општина Карпош, целосно го блокира пристапот до нивните домови. Додека институциите си ја префрлаат топката, граѓаните стравуваат: „Што ако избие пожар или некому му се слоши?“

Скандалот добива на тежина со фактот што рампата не е поставена на приватен имот, туку на Катастарска парцела 3005/1 (Имотен лист 4918), која е сопственост на Република Северна Македонија и која според Деталниот урбанистички план (ДУП) е УЛИЦА.

Според документите, сопствениците на станови од соседната зграда („Варшавска 19“) побарале поставување на рампа. Наместо законска процедура, добиле „зелено светло“ преку обичен спис во форма на одговор, потпишан од Шеф на кабинет во Општина Карпош – лице кое нема законски овластувања да издава одобренија за поставување урбана опрема.

Овој „документ“, кој не е ниту Решение, ниту Дозвола, послужил како алиби за узурпација на јавна површина – улица.

Жителите на блокираната зграда (19А) веќе десет дена водат битка со институциите, но наидуваат на ѕид од молк:

Иако законскиот рок за постапување по пријава за вонреден надзор е веднаш (најдоцна до 10 дена), институциите молчат.

Врвот на апсурдот се случил на 10.12.2025 година. Инспектор од Град Скопје излегол на терен и констатирал дека рампата е поставена незаконски.

Меѓутоа, решение за отстранување нема. Според станарите, раководител на одделението во Град Скопје (посочен како Љубе), телефонски ги известил дека „нема да донесат решение за отстранување“. Образложението? Ова бил „генерален проблем на ниво на град“ кој ќе се решавал системски со зонско паркирање. На прашањето како до тогаш ќе пристапат возила на Брза помош, Противпожарна бригада или ЦУК во итна ситуација, одговор немало.

Соочени со директна загрозеност на безбедноста и имотот, станарите на „Варшавска 19А“ велат дека немаат друг избор. Тие најавуваат масовен протест и блокада на улицата доколку надлежните итно не ја отстранат незаконската пречка што го дели нивниот дом од остатокот на светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46899
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат нападите и заканите, најавени се

23/11/2026

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, нов меѓуинституционален механизам чија цел е подобрување на безбедноста на

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ Јаревски вели дека реформската

23/11/2026

Македонија е меѓу најуспешните држави во исполнувањето на реформските обврски и искористувањето на европската поддршка, а напредокот кон Европската Унија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy