Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заливските земји ги осудија изјавите на израелските министри за емиграцијата од Газа
Македонија

Заливските земји ги осудија изјавите на израелските министри за емиграцијата од Газа

04/01/2024

AA

Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати денеска ги осудија изјавите на двајца израелски министри кои ги повикуваат Палестинците да го напуштат Појасот Газа.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир во понеделникот повика на враќање на еврејските доселеници во Газа по војната и да се охрабри палестинското население да емигрира, еден ден по сличниот повик на неговиот екстремно десничарски колега, министерот за финансии Безалел Смотрич.

Саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека „категорично ги осудува и отфрла изјавите на двајцата министри“.

Таа, исто така, ја повика меѓународната заедница да дејствува во однос на „упорноста на Владата на Израел да го прекрши меѓународното право преку нејзините „изјави и дејствија“.

Катар, кој посредуваше за воспоставување на примирје меѓу Израел и палестинскиот Хамас кон крајот на ноември, исто така остро ги осуди изјавите на двајцата министри.

„Политиката на колективно казнување и принудно раселување што ја применуваат окупаторските власти против жителите на Газа нема да го смени фактот дека Газа е палестинска земја и ќе остане палестинска“, се вели во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи.

Кувајт го следеше примерот на другите соседи од Персискиот залив и предупреди против „плановите на Израел за раселување на жителите на Газа, особено на палестинскиот народ“.

Обединетите Арапски Емирати, кои ги нормализираа односите со Израел во 2020 година, исто така остро ги осудија, како што се наведува, екстремистичките изјави на израелските министри.

Тие изјави ги осудија и САД, Франција и ЕУ.

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која вклучува екстремно десничарски и ултраортодоксни еврејски партии, веќе е обвинета за зајакнување на позицијата на доселениците на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy