
Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание
Од Министерството за правда велат дека денес заедно со пратениците од Собранието, Дирекцијата за управување со матични книги, невладини и меѓународни организации, (ОБСЕ и УНХЦР), претставници на Советот на Европа и претставници на други институции, успешно ја завршивме дводневната работилница, каде составивме предлог за измена и конечно дополнување на законот за лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родените.
„Овие законски измени се усогласени и договорени со сите субјекти и ќе бидат проследени на понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија.
Со одобрувањето на овој закон, Северна Македонија прави многу важен чекор во својот европски пат и станува првата земја во Европа што наоѓа решеније за овој долгогодишен проблем на неевидентираните лица.
Подготовката на законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родени е пример за решеноста на Министерството за правда да помогнеме на оваа категорија на лица. Целта на законот е неевидентираните лица да се евидентираат во посебна Матична книга e заради добивање на извод и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, социјална, здравствена заштита. Очекуваме законските измени наскоро да ја поминат собраниската процедура и да се усвојат“, велат од таму.