
Заклучен Избирачкиот список, еве колку лица ќе гласаат во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
Државната изборна комисија денеска го заклучи Избирачкиот список за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, кои ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, по новогодишните и божикните празници.
Во Гостивар право на глас имаат 82.870 граѓани, во Маврово Ростуше 10.575, во Врапчиште 27.279, а во Центар Жупа 7.562 гласачи. Во сите општини е евидентиран и број на гласачи кои живеат во странство, како и лица во притвор и затвор.
ДИК го усвои и Упатството за гласање во избирачки места со помалку од десет гласачи, при што Општинските изборни комисии се задолжени да овозможат овие граѓани да гласаат на најблиските избирачки места.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, истакна дека Комисијата континуирано ги спроведува сите активности за навремено и законито одржување на изборниот процес на 11 јануари.
